fbpx

Викенд тарифа: како се гради мотор од 11.000 КС

Одвојте седум минути од своето време и погледнете го комплетното склопување на Top Fuel драгстерскиот 11.000 коњски мотор

Дечките задолжени за механичкиот дел на Top Fuel драгстерите, преку timelapse видео ни го доловуваат моментот на расклопување и повторно склопување на еден од најмоќните мотори со внатрешно согорување во светот.

При лансирањето, на ваквиот вид на трки драгстерот достигнува брзини од 531 км/час за време од само 3,6 секунди. Поради огромните брзини и големо оптоварување на кое подлежат овие мотори, и покрај тоа што многу од неговите делови се способни да преживеат повеќе од една трка, ниту еден тим не е подготвен да ја тестира својата среќа и да направи уште еден старт без целосна проверка на моторот.

Поради ова, ваквиот Top Fuel мотор подлежи на целосно расклопување од страна на тимот составен од седум до девет члена, на кои за оваа задача им се потребни само 75 минути. Она што ќе го видите е процес со прекрасни детали, каде вклучени се голем број на лежишта, клипови, вратила, вентили…

Поврзани вести

Back to top button