Викенд тарифа: Како се произведува Bentley Bentayga Speed

Bentayga Speed се произведува во Bentley фабриката во Кру, а за да се добие еден модел потребни се вкупно 16 работни дена

Bentayga Speed се произведува во англискиот град Кру, кој е дом на Bentley уште од 1946 година. Потребен е многу труд и доста напор за производството на овој модел на Bentley. Поточно, за секој произведен Bentley Bentayga Speed потребно е да се вложат 16 работни дена или 127 часа човечки труд.

На дрвените детали се работи околу 10 часа, на бојата околу 24, на моторот во просек 13,4 часа, додека самиот автомобил се склопува за околу 52,5 часа.

Иако овој модел на Bentley претставува SUV, со своите перформанси тој доста потсетува на спортски автомобил. Се напојува со 6,0-литарски V12, кој испорачува 626 КС и вртежен момент од 900 Nm, а од нула до „стотка“ стигнува за околу 4 секунди, додека максималната брзина може да достигне до 305 km/h.

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close