Викенд тарифа: Lexus LC500 против Ford Mustang Bullitt

Не постои ништо подобро од една добра драг трка која ќе ги реши сите дилеми околу два автомобили, а една таква е оваа меѓу Lexus LC500 и Ford Mustang Bullitt

За денешното издание на Викенд тарифа избравме драг трка меѓу Lexus LC500 и Ford Mustang Bullitt во серија предизвици која започна со две „четврт-милја“ трки, по што следуваше трка со старт во движење и на крајот тест за сопирање.

LC500 користи 5,0-литарски V8 кој испорачува 471 КС и 539 Nm максимален вртежен момент и е во комбинација со 10-степен автоматски менувач. Максималната брзина е 270 километри на час. Од друга страна, Mustang Bullitt користи ист мотор, но тука испорачува 452 КС и 526 Nm вртежен момент во европските спецификации. Доаѓа во комбинација со шестстепен мануелец, а максималната брзина е 260 километри на час.

Поврзани вести

Back to top button