fbpx

Викенд тарифа: Lotus го донесе на патека електричниот хиперавтомобил Evija

Најмоќниот модел на британската марка Lotus, Evija, за прв пат излезе на терен за обука во близина на седиштето на компанијата

На затворен автопат Lotus, тестира прототип на „најмоќениот производствен автомобил“ Evija. Во наредните месеци, компанијата ветува дека ќе лансира уште неколку прототипови на јавните патишта и големите европски тркачки патеки.

Иако титулата најмоќен автомобил Evija ја изгуби од јапонскиот Aspark Owl, сепак овој автомобил воодушевува. Придвижуван од четири електрични мотори, по еден за секое тркало со индивидуална излезна моќност од 493 коњски сили Evija е првиот модел со погон на сите тркала.

Забрзувањето до 100 km/h е за нешто помалку од 3 секудни, додека 300-ката ја достигнува за време од под 9 секудни. Вкупниот капацитет на батеријата е проценет на 70kWh, кои на Evija му овозможуваат теоретски опсег од 400 километри според WLTP циклусот. Во поглед на шасија, автомобилот се базира на јаглероден монокок, изработен од CPC специјалист во Модена, Италија.

Компанијата започна со нарачки, иако почетокот на производството ќе започне дури наредната година. Цената на еден ваков примерок ќе биде 1,7 милиони фунти, а ќе бидат произведени 130 примероци.

Поврзани вести

Back to top button