fbpx

Викенд тарифа: Малиот германски супермини со 400 КС

Малиот Audi на стероиди доаѓа со див надворешен изглед, пропратен со сериозна моќност под вентилирачката хауба благодарение на ABT

Со оглед дека A1 Sportback е далеку од највозбудливиот и најинтересниот модел на брендот, Audi реши да не додаде спортска изведба во линијата. Со ова, A1 нема своја S1, а камоли за RS1 варијанта, но германскиот тјунер ABT го реши овој проблем со две модифицирани верзии на суперминито. Едната може да ја купите, а другата претставува уникатен проект преку кои компанијата си го прикажува својот потенцијал.

Соодветно наречен „One of One“, малиот Audi на стероиди добива страшен надворешен дизајн, со уште пострашна моќност. Под хаубата на модифицираниот A1 се наоѓа 2,0 литарскиот турбо мотор од Audi TT, чија првична моќност изнесува 197 коњски сили, која сега е зголемена на 400 коњски сили. Агресивниот звук кој произлегува од возилото е резултат на straight-pipe издувниот систем, со двојни 114 милиметарски издувни врва со карбонски завршетоци.

Внатрешноста е исто така поминала низ низа агресивни модификации. Да не должиме повеќе, погледнете сами.

Поврзани вести

Back to top button