fbpx

Викенд тарифа: Mercedes го прифати повикот за Four Ring Challenge од Audi

Mercedes го прифати Four Ring Challenge предизвикот на Audi кој изгледа како пријателско „потсмевање“, но на крајот сепак делува доста интересно

Пред неколку недели Audi објави повик до своите фанови и следбеници ширум светот да ја покажат својата креативност преку видеа или слики, а на кои ќе биде прикажано логото на брендот, односно познатите четири прстени. Германската компанија ова го нарече Four Ring Challenge. Секако, овој потег на Audi привлече огромно внимание и германскиот производител доставените видеа и слики ги објави на своите социјални медиуми.

Но, не се само фановите на Audi кои се приклучија на овој предизвик. Mercedes-Benz го прифати повикот за предизвикот и објави свое Four Ring Challenge видео преку својот Facebook профил. Секако, одговорот од Mercedes не беше обично видео, туку снимка од AMG C63 како прави кругови и сето ова го објавија на социјалните мрежи притоа испраќајќи и порака до Audi, а на нивниот одговор ќе мораме да почекаме. До тогаш, во прилог можете да го погледнете видеото кое го објави Mercedes.

https://www.facebook.com/MercedesAMG/videos/550451905608809/

https://www.facebook.com/Audi.AG/videos/217102072876518/

Поврзани вести

Back to top button