Викенд тарифа: Најдобрите автомобилски реклами од Super Bowl
Најголемиот спортски настан во Северна Америка, Super Bowl традиционално носи еден куп автомобилски реклами, а исклучок не е ниту оваа година
Super Bowl LVI ќе се одржи вечерва меѓу недела и понеделник, а тоа е одлична шанса за автомобилските производители кои се борат за вниманието на купувачите да ги пласираат своите најнови реклами. Финалето во американскиот NFL е вистински спектакл и најгледан настан преку Атлантикот, а автомобилските производители традиционално ги прават најинтересните реклами кои ќе се објавуваат токму за време на паузите на овој натпревар, бидејќи се очекува да бидат видени од над 100 милиони луѓе. Рекламите станаа составен дел од спортскиот спектакл, до толку што голем дел од луѓето го гледаат мечот само поради рекламите.
Во прилог ви ги носиме некои од најинтересните реклами на автомобилските производители, за чие емитување за време на натпреварот треба да платат 5,2 милиони евра за спот од 30 секунди.
General Motors: Dr. EV-il
Chevrolet: Chevy Silverado – Walter in Winter
Toyota: “Brothers” и “The Joneses”
BMW: Something Electric Is Brewing
Kia: Robo Dog | Kia EV6
Nissan: Thrill Chaser