fbpx

Викенд тарифа: Најлошото претекнување некогаш

Често знаеме да бидеме нетрпеливи во сообраќајот, секогаш некаде брзамо, па сите автомобили ни стануваат пребавни и се одлучуваме на луто претекнување

Метежот во сообраќајот е составен дел од секојдневието, така што нервозите и избрзаните потези никогаш не се паметна работа. Нормално, некогаш не можат да се избегнат, но најдобро е длабоко да вдишете и издишете, пуштете си омилена песна и помирете се со возењето зад бавните возила. Но, така не размислуваат повеќето возачи, како што е овој возач на Audi A3 некаде во Велика Британија, кој се впуштил во опасно претекнување само за да го помине „шлеп“ камионот пред него.

Ова претекнување се покажало како лош потег, бидејќи нервозниот возач се одлучил да претекнува на тесен дел од сообраќајницата и го поткачи камионот, па полета во воздух, на ужас на случајниот минувач кого „летечкиот Audi“ го извади од памет.

Поврзани вести

Back to top button