fbpx

Викенд тарифа: Несекојдневна трка меѓу F1 болид, Lamborghini и Nissan GT-R Nismo

Некои автомобили имаат потенцијал да бидат тјунирани да испорачаат огромна моќност, но дали можат да се снајдат со вистински тркачки F1 болид?

Нов викенд и нова драг трка, а овојпат станува збор за нешто навистина невообичаено. Имено, Nissan GT-R Nismo и Lamborghini Huracan застануваат на мегдан со Red Bull F1 болид.

Lamborghini Huracan се напојува со 5,2-литарски битурбо V10 кој испорачува 1.217 КС и 1.240 Nm максимален вртежен момент, а погонот е на сите четири тркала, додека максималната тежина е 1.553 килограми. Nissan GT-R Nismo има битурбо V6 мотор чија зафатнина е зголема од 3,8 на 4,1 литри, а има и низа други унапредувања. Агрегатот испорачува 1.318 КС и 1.290 Nm. Исто така има и погон на сите четири тркала, но тежината е нешто поголема и изнесува 1.840 килограми.

На крајот, тука е гореспоменатиот Red Bull RB7 F1 болид кој се напојува со природно аспириран 2,4-литарски V8 мотор кој испорачува 760 КС кои се испраќаат на задните тркала. Неговата тежина изнесува 650 килограми, а зад управувачот е поранешниот F1 возач Дејвид Култхард.

Поврзани вести

Back to top button