Викенд тарифа: Ник Хајдфилд во Pininfarina Battista

Pininfarina Battista ќе биде еден од најбрзите продукциски автомобили на планетата кога ќе пристигне на пазарот, а сега зад управувачот се најде Ник Хајдфилд

Поранешниот Formula 1 и Formula E тркач, Ник Хајдфилд се најде зад управувачот на Pininfarina Battista на патеката Нардо со цел да помогне во развојот на еден од најбрзите автомобили на светот. Германскиот тркач кој се натпреваруваше во Formula 1 цели 12 сезони е вклчен во проектот Battista веќе некое време и помина доста време тестирајќи го моделот преку симулатор. Но, сега доби шанса за прв пат да го тестира Pininfarina Battista во реалниот живот на патеката Нардо.

Рininfarina Battista се напојува од четири електромотори кои испорачуваат безмалку 1.900 КС и 2.300 Nm вртежен момент, со што е најмоќниот автомобил легален за патиштата некогаш дизајниран и направен во Италија.

Поврзани вести

Back to top button