Викенд тарифа: Новиот Audi RS e-Tron GT против Taycan и Model S

Новиот електричен адут на Audi, моделот e-Tron RS GT, излегува на мегдан со етаблираните Porsche Taycan и Tesla Model S Performance

Porsche Taycan Turbo и Audi RS e-Tron GT ги користат истите електромотори и батерии, но моќноста на им е идентична. Taycan испорачува 696 КС, додека Audi RS e-Tron GT може да испорача „само“ 655 КС. Оваа разлика во моќноста секако се разликува поради хиерархијата на брендовите во рамките на VW групацијата. Освен тоа, двата модели ја користат истата платформа и технологија, со што нивните возни карактеристики се мошне слични.

Од друга страна, Tesla Model S стана интернет сензација во изминатите години благодарение на неверојатните перформанси во драг трките. Model S Performance испорачува масивни 788 КС, што го прави најмоќен автомобил во оваа трка.

Но, теоријата е едно, а праксата нешто сосема друго. Како изгледа кога се тркаат електричните луксузни седани, погледнете во видеото во прилог.

Поврзани вести

Back to top button