Викенд тарифа: Huayra Roadster со нов рекорд на Спа

Pagani Huayra BC Roadster постави нов неофицијален рекорд за најбрз круг за продукциски автомобили на славната Спа Франкоршампс патека

За време на неодамнешното тестирање на славната белгиска Formula 1 патека, Huayra BC Roadster комплетираше круг за 2:23.08. Тоа е мошне брзо време и го урива рекордот поставен од McLaren Senna пред околу 18 месеци со време од 2:24.82.

Со оглед на тоа колку време, пари и ресурси троши Pagani со цел да го усоврши и да го направи секое наредно издание на Huayra подобро од претходното, не треба да претставува изненадување што BC Roadster сега е кралот во Pagani семејството. За време на поставувањето на рекордот, достигна максимална брзина од 318 километри на час, а благодарение на аеродинамичноста, мошне лесно ги совладуваше свиоците. Треба да се напомене и дека делови од патеката беа влажни.

За напојувањето на Pagani Huayra BC Roadster е задолжен битурбо 6,0-литарскиот AMG V12 мотор кој испорачува 791 КС и 1.050 Nm максимален вртежен момент. Моторот е во комбинација со седумстепена Xtrac трансмисија и ја испраќа моќноста на задните тркала.

Поврзани вести

Back to top button