Викенд тарифа: Премиум електро трка меѓу EQS, e-Tron, Taycan и Model S
Производителите се насочуваат кон производството на електрични автомобили, а со оглед на тоа, ниту премиум моделите кои работат на струја не се исклучок
Нова интересна драг трка ни пристигнува за овој викенд, но овојпат во главната улога се премиум електрични модели. Досега во неколку наврати имавме можност да ги видиме на дело Porsche Taycan, Tesla Model S и Audi e-Tron GT, а сега им се приклучува и Mercedes EQS во ултимативна премиум електро трка.
Mercedes EQS е технолошко чудо, но очекувано е „електричната S-Класа“ пред се да нуди комфор и ексклузивност наместо перформанси. Сепак, тоа не значи дека не може да се најде на мегдан со своите ривали од Porsche, Audi и Tesla.
Најмоќниот EQS има два електромотори кои испорачуваат 523 КС и 828 Nm, што е доволно за спринтот од нула до „стотка“ да се достигне за околу 4,3 секунди. Но, во овој случај, конкретниот модел има „само“ 333 КС и 550 Nm и е најслабиот модел во понудата. Како сето тоа изгледа на дело, погледнете во видеото во прилог.