fbpx

Викенд тарифа: Прв трејлер за новиот филм “Ferrari”

Претстојниот филм на Мајкл Ман "Ferrari" ја прикажува бруталноста на моторспортот од 1950-тите и се фокусира на случувањата до Mille Miglia од 1957 година.

Ново филмско ремек дело ни пристигнува до крајот на оваа година, а во фокусот е култната италијанска марка Ferrari и нејзиниот основач Енцо Ферари. Сега ни пристигна и првиот трејлер за филмот во режија на Мајкл Ман, кој е објавен без речиси никаков дијалог, само зголемена тензија и врвна акција.

Синопсисот објаснува дека дејството на филмот се фокусира на 1957 година, со закана од банкрот над компанијата што семејството Ферари ја основале само 10 години порано.

Секако, тука се споменува и одлуката на компанијата одлучува да се натпреварува со своите возила на прославената друмска трка Mille Miglia. Филмот е снимен во Бреша, каде се има одржувано познатиот настан, а се базира на книгата „Енцо Ферари – Човекот и машината“, напишана од Брок Јејтс.

Главните улоги ги толкуваат Адам Силвер како Енцо Ферари и Пенелопе Круз како Лаура Ферари, а тука се и Патрик Демпси како возачот Пјеро Таруфи, Џек О’Конел како Питер Колинс, Сара Гадон како Линда Кристијан и Габриал Леоне како Алфонсо де Портаго.

“Ferrari”, кој ќе дебитира на филмскиот фестивал во Венеција, ќе се појави во кината на 25 декември.

Поврзани вести

Back to top button