fbpx

Викенд тарифа: Руси заварија два автомобили за снежни лудории

Русите често знаат да направат некои луди егзибиции со автомобили, а најнов доказ за тоа е екипата од Garage 54 која сними несекојдневно видео

Идејата на екипата од YouTube каналот Garage 54, која прикажува два примероци на Lada како возат по патека прекриена со снег, беше заеднички снежен дрифт. Но, Русите отидоа чекор понатаму и ги заварија двата автомобили и со тоа си ја „олеснија“ задачата бидеќи не мораа да се грижат за идентичниот тајминг.

Својот луд проект лесно го подготвија, заварувајќи метални делови меѓу двата автомобили со цел да ги спојат цврсто. Врската на крајот испадна дека е изненадувачки цврста бидејќи возачите се удираа во снежните наноси, но автомобилите упорно „одбиваа“ да се разделат. Благодарение на снежната патека, дрифтањето со двете Lada возила беше лесна задача. Русите имаа луда забава и не се откажаа се додека еден од автомобилите не остана без тркала.

Поврзани вести

Back to top button