fbpx

Викенд тарифа: Супер минибус T1

Малиот T1 ги тероризира супер автомобилите со помош на 530 коњскиот Porsche турбо мотор

Како еден од најпосакуваните ретро модели, малиот T1 претставува одличен избор на ентузијастите кои уживаат во модифицирањето на своите автомобили. Овој пат, малиот минибус може да го видиме во „Race Taxi“ изведба, кој изгледа навистина одлично на патеката на Monza.

Тоа што го издвојува овој T1 од останатите е токму неговата погонска единица. Напојуван од 3,6 литарскиот турбо мотор позајмен од Porsche 993, уникатниот минибус располага со моќност од 530 коњски сили и вртежен момент од 757 Nm. Со цел да се прилагоди на овие перформанси, неговата шасија е дополнително зацврстена, а прилагодена e и суспензијата.

И покрај тоа што овој Volkswagen изгледа прекрасно, исто така и звучи одлично.

Поврзани вести

Back to top button