Викенд тарифа: SUV драг трка меѓу Lambo Urus и Jeep Grand Cherokee
Интересна драг трка меѓу „мускулестите“ модели Lamborghini Urus и Jeep Grand Cherokee Trackhawk, возила од самиот врв на најмоќни и најбрзи SUV модели
Станува збор за два автомобили кои, иако во поширока смисла на зборот спаѓаат во SUV сегментот, сепак имаат целосно различен концепт. Urus практично е суперспортски автомобил, што и се очекува од Lamborghini, со зголемен клиренс, додека пак Trackhawk е американски „набилдан“ теренец.
Lamborghini Urus се напојува со 4,0-литарски twin-turbo V8 мотор кој произведува 650 КС и 850 Nm максимален вртежен момент. Спринтот од нула до „стотка“ го стигнува за 3,6 секунди, а максималната брзина е 305 километри на час. Од друга страна, Jeep Grand Cherokee Trackhawk според перформансите е и повеќе од достоен ривал со својот 6,2-литарски V8 мотор со компресор кој испорачува 716 КС и 875 Nm. Од нула до 100 km/h стигнува за 3,7 секунди, додека максималната брзина е 290 километри на час.