Викенд тарифа: Том Круз, Култхард и Вебер прават лудории на Силвестоун

Прославениот филмски актер Том Круз беше гостин на Mercedes F1 тимот и доби можност да вози Porsche 911 GT3 заедно со Дејвид Култхард и Марк Вебер

Долгоочекуваното продолжение на култниот филм Top Gun со Том Круз во главната улога ќе ја забележи својата премиера оваа есен, а како дел од промотивната кампања, холивудската ѕвезда беше гостин на трката за Големата награда на Велика Британија, а таму сними специјален сегмент за Channel 4 во Велика Британија. Во краткото видео, тој заедно со Дејвид Култхард и Марк Вебер, прославените Formula 1 возачи, доби можност да вози porsche 911 GT3 околу Силверстоун F1 патеката, обидувајќи се да рекреира неколку култни сцени од Top Gun филмот, но наместо со борбени авиони, тоа го правеа со автомобили.

Поврзани вести

Back to top button