fbpx

Викенд тарифа: Трејлер за третата сезона од F1 серијалот

Платформата Netflix го објави комплетниот трејлер за третата сезона од Formula 1: Drive to Survive документарниот серијал која почнува на 19 март

Третата сезона од F1 Drive To Survive ќе понуди поглед зад сцените од сите случувања за време на сезоната 2020 во Formula 1, која беше доста неконвенционална и невообичаена поради глобалната пандемија и специјалниот календар кој беше направен поради здравствената криза.

Сите 10 тимови во Formula 1 ќе бидат присутни во новата сезона, која ќе биде поделена на 10 епизоди, а Netflix го лансираше трејлерот кој треба да ги најави сите случувања. „Во најдраматичниот серијал досега, фановите повторно ќе бидат однесени зад сцената, со цел да сведочат од прва рака како возачите и тимовите со бореа за победа, овој пат во година каква што не е видена досега“, стои во соопштението на Formula 1.

Поврзани вести

Back to top button