Викенд тарифа: „Војна на световите“ меѓу Porsche Taycan и Lambo Aventador
Нова, интересна драг трка ви носиме за оваа викенд тарифа, а овој пат имаме „војна на световите“ меѓу електричниот Porsche Taycan и моќниот Lamborghini Aventador
На една страна електричен погон, на другата страна конвенционален атмосферски V12. Lamborghini на мегдан со Porsche во оваа битка на две различни идеи, два различни концепти и два различни света. На едната страна Porsche Taycan Turbo S, на другата Lamborghini Aventador SV.
Можеби има недостаток на возбудлив звук, но нема дилеми дека Porsche Taycan Turbo S е вистински суперавтомобил со четири врати. Електричниот седан со два електромотори има максимална моќност од 750 КС и 1.050 Nm вртежен момент.
Тука е и еден од најголемите и најдобрите атмосферски суперавтомобили на светот – Lamborghini Aventador SV кој се напојува со 6,5-литарски V12 кој испорачува 740 КС и 690 Nm максимален вртежен момент и има максимална брзина од 260 километри на час, што е далеку помалку од она на Porsche Taycan Turbo S кој стигнува до 350 километри на час. Сепак, забрзувањето до „стотка“ им е исто, а разликата во тежината исто така е важна и таа е во корист на Lamborghini.