fbpx

Викенд тарифа: VW Golf R го предизвика Mercedes-AMG A45 S

Mercedes-AMG A45 S е еден вистински крал меѓу хот хеч моделите и е на врвот на својот сегмент, а најнов предизвикувач му е Volkswagen Golf R

Хот хеч моделот на Mercedes, AMG A45 S досега се најде на мегдан со голем број ривали и беше подложен на многу тестови, а секој пат овој крал на сегментот се покажувал во исклучително светло. Сега на ред дојде новиот Volkswagen Golf R, најновиот предизвикувач на моќниот хечбек модел, а во оваа германска пресметка двата модели ќе поминат низ неколку драг трки со различни тест карактеристики.

На хартија, Mercedes-AMG A45 S е фаворит во однос на Golf R, благодарение на 2,0-литарскиот турбо четирицилиндричен мотор, кој е најмоќен некогаш поставен кај продукциски модел и испорачува 421 КС и 500 Nm. Погонот е на сите четири тркала преку осумстепен автоматски менувач со контрола на лансирање, со што до „стотка“ се стигнува за 3,9 секунди, пред да ја достигне максималната брзина од 270 километри на час.

Golf R исто така користи 2,0-литарски четирицилиндричен мотор, но со „само“ 320 КС и 420 Nm, во комбинација со DSG менувач и контрола на лансирање. Исто така има погон на сите четири тркала, а спринтот до „стотка“ го достигнува за 4,7 секунди, пред да достигне максимална брзина од 270 километри на час со опционалниот R-Performance Pack.

Поврзани вести

Back to top button