fbpx

Многу влади ја криеле вистината за опасноста на дизелот

Многу европски влади со децении знаеле за опасното влијание на дизел автомобилите врз здравјето, но не презеле никакви дејства по ова прашање, откриваат документи што им биле предадени

На пример, во Обединетото Кралство, уште во 2003 година, министрите добиле официјален извештај што ги открива многу високите нивоа на штетни емисии од дизелот и нуди различни начини за нивно ограничување. Но тогаш, членовите на канцеларијата на Гордон Браун избрале да ги „затворат очите“ за да не бидат обвинети за „хајка“ против сопствениците на дизел автомобили. Приближно во исто време, таквите извештаи се доставени и до претставници на Владите во најмалку три други западно-европски влади. Откровенијата предизвикаа скандал на Островот, а неколку еколошки организации се обидоа да ја бараат правдата од Браун и неговите министри.

„Тоа е апсолутен скандал”, коментира Џејмс Торнтон од ClientEarth. „Министрите знаеле дека дизел штети на здравјето на луѓето, но продолжила да наметнува политика која го промовираше”. Меѓу министрите за кои се закануваат судски процеси е актуелниот канцелар, Филип Хамонд.

Прашањето за емисиите на дизел се зголеми особено во Велика Британија во текот на изминатите две години, бидејќи голем број други нивоа на загадување на воздухот се систематски третирани и од порано. Според некои научници, дизел автомобили предизвикуваат до 40.000 предвремени смртни случаи годишно само во Обединетото Кралство. Затоа и сегашниот еколошки министер, Мајкл Гоув, предложи план за целосна забрана на моторите со внатрешно согорување од 2040 година, а дотогаш ќе бидат воведени зони во кои употребата на дизел ќе се оданочува со дополнителни трошоци.

„Загадувањето на воздухот е тивок, невидлив убиец, а најголема вина за него имаат автомобилите”, коментира д-р Пени Вудс, претседател на британската Фондација за белодробни заболувања. „Владата мора веднаш да реагира и да ги отстрани мотивите за купување дизел автомобил”. Според Вудс, сегашната состојба на воздух во големите британски градови бара итни и екстремни мерки.

Поврзани вести

Back to top button