fbpx

Во 2020 Fiat Professional ќе го пушти во продажба Ducato Electric

Fiat Professional откри малку информации за новиот Fiat Ducato Electric, нивното прво целосно електрично комбе, предвидено да се појави во 2020

Fiat Professional ова целосно електрично возило ќе започне да го продава во 2020. Основната комерцијална верзија на возилото има модуларен дизајн и е опремено со батерии, кои согласно NEDC за пат се со опсег од 220 до 360 km, без да се одрази на товарниот простор од 10 до 17m³ или дозволената носивост до 1.950 килограми.

Излезната моќност на возилото е 90 kW (123 коњски сили), со максимален вртежен момент од 280 Nm. Исто така ќе има опција за избор на различни варијации за товарниот простор. Брзината на движење може да се ограничи на 100 km/h со цел да се намали трошењето на батериите. Ducato Electric е развиено во тесна соработка со корисниците, се со цел да се истражат нивните потреби и истите потполно да се задоволат.

Поврзани вести

Back to top button