fbpx

Во април скок од 9,6%

По падот на продажбата на нови автомобили во текот на март, во април годинава евидентирано е повторно зголемување, согласно податоците на Здружението на европските автомобилскии производители (АСЕА) - 9,6%, или реализирани 1.306.273 единици

Тоа се должи на извонредниот наплив на новитети на европските пазари, па дури на сите пет главни автомобилски пазари е забележаа добар раст. Во април оваа година, порастот во Шпанија изнесуваше 12,3% (113.816 нови автомобили), во Велика Британија 10,4% (167.911), Франција 9,0% 187.390, Германија 8,0% (314.055) и Италија 6,5% (171.379).

За првите четири месеци од 2018 година, пласманот на нови автомобили во ЕУ се зголеми за 2,7% во споредба со истиот период во 2017 година, реализирани се вкупно 5.478.442 единици. Продажбата од јануари до април оваа година на големите пазари изнесува: Шпанија + 11,0%, Германија + 5,0%, Франција + 4,4%, во Италија може да се евидентира еднаков резултат како и лани, додека во Велика Британија има пад од 8,8%.

продажбата

 

Поврзани вести

Back to top button