fbpx

Во BMW се предомислија, i3 останува на пазарот до 2024 година

Германската компанија базирана во Баварија го произведува својот прв сериски целосно електричен модел уште од 2013. година

Портпаролот на BMW изјави за германски „Leipziger Volkzeitung“ дека i3 ќе се произведува уште четири години, што значи дека електричниот првенец на BMW ќе биде во продажба подолго од една деценија во моментот кога ќе биде повлечен од пазарот. Тоа може да се смета како успех за еден современ автомобил во ера кога производниот век на моделите е се пократок и најчесто изнесува 6-7 години.

Веста за продолжување на производството на BMW i3 до некаде претставува изненадување со оглед на претходните најави дека овој електричен автомобил ќе се пензионира во 2020. година.

BMW во моментов се продава со батерија со капацитет од 42,2 kWh, што според WLTP мерниот стандард е доволно за автономина во возењето меѓу 285 и 310 километри.

i3

Кога беше лансиран, i3 најпрво имаше батерија од 22 kWh, за во 2016. година капацитетот на истата да биде зголемен на 33,2 kWh. Со цел автомобилот да остане конкурентен на пазарот и во следните години, се очекува BMW уште еднаш да го зголеми капацитетот на батеријата и радиусот на движење на автомобилот, што би можело да се случи во 2020 или 2021 година.

Кога во 2024. година i3 ќе биде конечно повлечен од продажба, BMW би требало во понудата да има неколку електрични модели, како што е електричната Серија 1, долго најавуваниот i4, потоа iX3 и iNext, па заминувањето на BMW i3 од сцената нема да се одрази многу на продажбата на модели на струја на оваа баварска компанија.

i3

Поврзани вести

Back to top button