fbpx

Во Европа сите нови возила ќе имаат ограничувачи на брзина

Овој потег кој делува како дистописки кошмар значи дека сите нови возила во Европа од следната година ќе мораат да имаат задолжителни ограничувачи на брзина

Европската унија донесе одлука според која сите нови автомобили кои ќе се продадат на територијата на Европа и кои ќе бидат претставени по 2022 година ќе мораат да бидат опремени со ограничувачи на брзината. Иако ова не е новина, бидејќи одлуката беше донесена во 2019 година, на истата вреди да и се посвети внимание, бидејќи стапува на сила од следната година. И тука не станува збор само за ограничување на брзините на автопатите, или улиците крај училиштата, туку и на регионални и магистрални патишта кои немаат голема фрекфенција на автомобили.

Рори Рејд од британски Autotrader е еден од ретките кои активно зборува за сето ова, а сега објави и ново видео во кое се покриваат сите промени кои ќе пристигнат, обидувајќи се да разјасни некои збунувачки факти околу тоа како технологијата ќе функционира и кои автомобили во Европа ќе бидат зафатени со оваа новина.

Рејд објаснува дека автомобилите кои веќе биле хомологирани пред 6 јули 2022 година имаат рок до 2024 година да ја прифатат новата технологија, која ќе користи комбинација на GPS податоци и камери за препознавање на сообраќајните знаци, со цел да ја корегира брзината на патиштата.

И покрај тоа што крајниот рок е за само 12 месеци, дел од деталите се уште се нејасни, но се чини дека автомобилите ќе ги приморуваат возачите да се придржуваат до ограничувањата на патот со предупредувачки светлечки и звучни сигнали, па дури автоматско враќање на педалата за гас, наместо да го направи надминувањето на брзината целосно невозможно со запирање и забавување на возилото.

 

Поврзани вести

Back to top button