fbpx

Во Европа за прв пат купени повеќе електрични од дизел автомобили

По прв пат во историјата, автомобили со електричен погон ги надминаа дизел верзиите кога станува збор за нови регистрации во еден месец на европскиот пазар

Не е тајна дека побарувачката за некогашн исклучително популарните дизел агрегати значително опадна во последните години, пред се поради забраните во голем број градови и држави за користење на такви возила на главните градски улици. Како што пренесува JATO Dynamics, во семтември околу 25,1 процент од сите нови регистрирани автомобили во Европската унија биле од категоријата електрични. За дизел агрегатите од друга страна отпаѓаат 24,8 проценти.

електрични

Само за споредба, пред околу десетина години возилата со дизел мотори држеа повеќе од половина од пазарот, а пак возилата напојувани од електрична енергија беа на ниво на статистичка грешка. Од тогаш е забележан раст кој експлодираше во последните две години, кога голем број автомобилски произведувачи дебитираа со своите популарни модели. Само за споредба, во септември се продадени дури 327.800 нови електрични автомобили, што е за дури 139% повеќе во споредба со истиот период минатата година.

електрични

Но, и покрај големиот напредок, електричните автомобили и понатаму се прилично далеку од оние со бензински мотори. Дури 47 проценти од сите купувачи на нови возила на Стариот континент во семтепври се одлучиле да се подноват со возило со бензински агрегат. Но, мора да се спомене дека еден месец претходно таа бројка беше 60 проценти од целиот пазар. JATO Dynamics напоменува и дека продажбата на сите нови возила се стабилизирала изминатиот месец по црниот период кој беше предизвикан од пандемијата на коронавирусот, здравствената криза која настана, како и економските последици.

Инаку, кога станува збор за конкретните модели, во текот на септември најдобро поминал Volkswagen Golf со продадени 28,731 единици. По него следуваат Opel Corsa и Renault Clio со 26.269, односно 23.986 продадени единици. Кај електричните автомобили најдобро поминал Tesla Model 3 со вкупно 15.702 продадени единици. Следува Renault Zoe со 11.023 продадени единици и Volkswagen ID.3 со 7.897 нови регистрации.

Поврзани вести

Back to top button