На патиштата во светот преку три милиони електромобили

На крајот на ноември изминатата година, бројот на продадени електрични возила и хибриди во светот ја надмина границата од три милиони единици, потврди EV Sales Blog

Точната бројка е всушност 3,3 милиони возила, а само продажбата на plug-in хибриди во светот надминува еден милион единици. Проекциите се дека во 2018 година оваа продажба ќе скокне на 1,7 до 2 милиони единици, а тоа значи дека околу 5 милиони електрични возила и хибриди ќе се движат до крајот на годинава.

Според аналитичарите, блиската иднина изгледа многу успешна за зелените автомобили.

милиони

Производителите ќе развиваат нови и подобри модели, а попустите и стимулациите за купување на електрични автомобили се нудат низ целиот свет од САД до Кина. Поради ова прогнозата е зголемување од 50 на 100 проценти во продажбата на електрифицирани возила. Со околу 90 милиони нови автомобили што се продаваат годишно во светот, присуството на електрични автомобили и хибриди во статистиката е сеуште минимално, но наскоро аналитичарите веруваат дека тоа ќе биде сè посериозно.

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close