fbpx

Повторно празник за автомобилскиот спорт на Водно

На падините на Водно по неколкугодишна пауза повторно мирис на октаните и бревтање на коњите од машините подготвени за Македонскиот шампионат на ридски патеки

На падините на Водно по неколкугодишна пауза повторно мирис на октаните и бревтање на коњите од машините подготвени за Македонскиот шампионат на ридски патеки. Голем број натпреварувачи и секако гледачи кои со задоволство ги пропратија најнапред тренинзите и квалификациите, па денес и двете трки кои се бодуваат за првенството.

Vodno-2018
Победниците се најмалку важни на оваа прва трка во организација на клубот Примо АВЈ, денес, односно овој викенд, триумфираше автомобилскиот спорт. Навистина, а тоа го потврдија и падините на Водно, каде имаше повеќе илјади гледачи, желни за вакви манифестации, голема жалост што овој спорт поради „лечење фрустрации“ беше во „длабока зачмаеност“ неколку години, како и одредени несогласувања и препукувања. А, дека ова се чекаше со големо нетрпение покажа и фактот што сите оние кои се појавија на патеката дојоа подготвени, со свои тимови…налик на едно големо натпреварување. Машините „пукаа“ од желба да бидат во даден момент дел од патеката… од Олимписко село, „Лажи Вере“, Средно Водно… И, поради фактот што сите го посакуваа ова, честитки за беспрекорно организираниот настан. Е, секогаш некому нешто му фали…, ама нека остане на тоа?!

Vodno-2018
Најжешко, како и секогаш, со години наназад кога овој спорт ги бележеше своите најдобри историски мигови, беше во т.н. класа А-1150. Со вкупно време од двете трки од 4:38,94 минути најуспешен беше Горги Наков, пред Александар Георгиевски со 4:40,94 и Филип Василевски со 4:43:15 и Михајло Лазаревски со 4:43.20 минути, сите со популарниот Yugo Zastava. Во N-1400, без конкуренција, победник беше Зоран Делев (Peugeot 106) со време 4:46:81 минути. Во Е1-1600, исто така беше мошне интересно во битката за тронот, бидејќи за него конкурираа седум натпреварувачи. На крајот најдобар Ванчо Мижовски на Yugo Zastava со постигнување од 4:19:67 минути, пред Слободан Трајковски (со исто возило) со 4:28:40 и Благоја Димитровски (VW Golf) со 4:28:91 минути. Влатко Симоновски со Honda Integra беше најуспешен во класата во Е1-2000 со време 4:11:35, пред Југослав Милошевски (Opel Corsa) со 4:24:82 и Спирко Петрушевски (VW Golf) со 2:26:47 минути. Во најмоќниот сегмент N/SP 2000, без конкуренција, број еден Давид Малинковски (Opel Astra) со остварување 4:36:00 минути.

Vodno-2018
– Срцето ни е полно на сите по овој настан на Водно, зборувам во име на Промо АВЈ како организатор, во име на луѓето од Федерацијата, на возачите, учесниците, гледачите… Нема сомнение дека трките им недостасуваат на сите на свој начин, а најмногу на големата армија фанови на овој спорт во Македонија. Најважно од се е што „тргнавме“ и од настан во настан ќе ги потврдуваме вредностите, истакна по трката секретарот на Македонската автомобиилска федерација, Александар Димушевски – Вуле.
Во ревијалниот дел се појави и македонскиот ас Игор Стефановски-Иџе кој пред публиката го претстави својот автомобил Hyndai TCR со кој настапува во Европскиот TCR шампионат.

Vodno-2018

Поврзани вести

Back to top button