fbpx

Volkswagen ќе покаже нов кросовер во Шангај

На Шангајскиот саем за автомобили, Германците ќе го покажат својот нов помал кросовер, именуван по веќе познатиот Teramont

Автомобилот е резултат на цврстата одлука на Volkswagen да понуди кросовер во секој сегмент на пазарот. Новиот кросовер го задржува меѓуоскиното растојание, но е со 131 mm пократок од стандардната изведба на Teramont (4905 mm) и е понизок за 50 mm (1719 mm). Поради намалената должина каросеријата е за пет патници но, не е исклучена и појавата на поскапа варијанта со четири места во салонот.

Засега од компанијата споделија еден тизер, но веќе е јасно дека автомобилот ќе потсетува на минатогодишниот концепт Atlas Cross Coupe. Надворешно моделот се одликува со друг распоред на предниот дел – фаровите се потесни, решетката е друга, зголемен е просторот каде влегува воздухот во браникот и друго.

Задниот дел на возилото, носејќи го засега називот Volkswagen Teramont Coupe, е целосно оригинален – разични се крилата, задната врата, светлата и браникот. Новиот кросовер ја користи истата модулирана платформа MQB, како и неговиот претходник Teramont.

Ова значи дека опсегот на мотори ќе биде ист. За Кина, ќе бидат понудени 2.0 литарски бензински мотори со две нивоа на моќ- 180 и 220 КС. Тие ќе работат заедно со автоматска трансмисија DSG со двојна спојка. Во САД, новиот кросовер ќе биде достапен со атмосферскиот мотор VR6 и нормален автоматски менувач.

Поврзани вести

Back to top button