fbpx

Volkswagen го згаснува Passat во Европа

Според извори од Volkswagen кои се запознаени со плановите, германскиот производител ќе стави крај на производството на Passat седанот за Европа

Целта на Volkswagen за иднината е фокус на електричните возила и на SUV моделите. Поради тоа, германската компанија ќе стави крај на Passat во седан варијанта на Стариот континент. Наместо тоа, Volkswagen ќе ја задржи единствено Passat караванската верзија кога ќе пристигне новата генерација кон крајот на 2023 година, пренесува Autonews Europe. Караванот ќе продолжи да се пласира на пазарите како Германија.

Сепак, и покрај тоа што се наведуваат и извори во целиот овој извештај, оваа шпекулација треба да се прими со доза на резерва. Работата е во тоа што Passat останува бестселер во Европа кога станува збор за модел кој не е премиум, со 88,478 продадени единици во октомври. Станува збор за име кое има освоено голем број награди, а минатата година ја доби и наградата Best Company Car.

Неодамна беше откриено дека Volkswagen ќе стави крај на Passat во САД, што е многу пологична одлука со оглед на тоа дека беа продадени 16.190 единици во првите три квартали од 2020 година. Сепак, да се направи истото во Европа, дури и ако станува збор за седан верзијата, не делува како логично.

Но, друг извор од Volkswagen истакнува дека со елиминирањето на Passat седан, групацијата ќе ја намали внатрешната конкуренција меѓу Volkswagen брендот и Škoda, со што моделот Superb ќе има отворен пат до љубителите на седаните во централна и источна Европа.

Во моментов, Volkswagen го произведува европскиот Passat во Емден, Германија, локација која наскоро ќе се користи за производство исклучиво на електрични возила, вклучително и ID.4 кросоверот и електричниот седан со кодно име Aero B.

Поврзани вести

Back to top button