ИНТЕРЕСНОНАСЛОВНА

Групацијата Volkswagen забележа историски продажни резултати

Volkswagen Group забележа историски месечни продажни резултати, откако дилерите на неговите главни брендови успеаја да го подобрат остварувањето во септември за 6.6%, а вкупната реализација на компанијата за прв пат ја мина границата од милион единици

Volkswagen Group забележа историски месечни продажни резултати, откако дилерите на неговите главни брендови успеаја да го подобрат остварувањето во септември за 6,6%, а вкупната реализација на компанијата за прв пат ја мина границата од милион единици.

Volkswagen Group

Исклучок на порастот е Porsche, каде е регистриран пад на побарувачката од 5,3%, односно 20.800 продадени единици. Во изминатиот месец сите марки на Volkswagen Group регистрираа подобрувања во нивниот бизнис. Кај Volkswagen резултатот е 593.700 единици (+ 8,4%), Audi 178.400 (+ 2,6%), Škoda 112.900 (+ 5,4%), SEAT 39.800 (+ 1,.2%), Volkswagen комерцијални 44.600 (+ 3,4%), MAN 10.600 (+ 14,8%) и Scania со уште 8.000 единици (+ 11,2%).

Volkswagen Group
1 | Volkswagen Group
2 | Volkswagen Group

    Audi е единствениот бренд на Volkswagen Group, кај кого што се забележува намалување на побарувачката на крајот во овие девет месеци од годината. За овој период фирмата регистрира 1.380.800 единици или пад за 2%. Volkswagen доминира со 4.490.900 единици, што е пораст за 1,8%. Потоа се подредуваат Škoda со 871.100. Volkswagen комерцијални со 367.900, SEAT со 354.900, Porsche 185.900, MAN 80.300 и Scania 64 000.

    Клучни зборови

    Поврзани вести

    Adblock Detected

    Please consider supporting us by disabling your ad blocker