НАСЛОВНАНОВИТЕТИ

Електричниот Volkswagen I.D. Buzz Cargo ќе патува 550 километри со едно полнење

Германскиот производител на автомобили Volkswagen ја покажа последната верзија на својот прототип на I.D. Buzz Cargo

Досега, нема информации за тоа која ќе биде цената на производствениот модел, кој ќе започне со производство во 2022 година. I.D. Buzz Cargo е изграден врз платформата MEB која компанијата планира да ja користи кај уште 27 електрични возила. Aжурираниот сино-бел дизајн ја покажува главната цел на овој автомобил – техничката поддршка на Volkswagen I.D.R, кој оваа година настапи на Pikes Peak International Hill Climb.

Со меѓуоскино растојание од 3.300 mm, 5048 mm должина, 1976 mm ширина и 1963 mm во височина, електричниот ван I.D. Buzz Cargo има пристоен капацитет на товарење од речиси 800 килограми.

1 | I.D. Buzz Cargo
2 | I.D. Buzz Cargo
3 | I.D. Buzz Cargo
4 | I.D. Buzz Cargo

    Тој е опремен со електричен мотор со моќност од 201 КС, LED светла, електрични врати и 20-инчни тркала. Серискиот модел ќе биде достапен со преден и заден пренос. Покрај тоа, ќе има избор помеѓу две батерии со капацитет од 48 и 111 киловат-часови. Помалата ќе им овозможи на автомобилот да помине до 322 километри со едно полнење, а кај поголемата јачина дометот расте на околу 550 километри.

    Соларниот панел, изграден на покривот, ќе ја зголеми оваа километража за 15 km. Според претставниците на VW, за време на тестовите концептот успеал да достигне максимална брзина од 200 km/h, но електрониката ќе ја ограничи оваа бројка до 160 km/h.

    Освен тоа се наведува дека благодарение на атмосферата во кабина, опремена со дигитален панел, платно за проекција, таблет, монтиран во потпирачот на седиштето, како и со можноста за пренесување на управувањето на автопилот од четврто ниво, ванот ќе обезбеди удобност на каква Volkswagen немал досега.

    Клучни зборови

    Поврзани вести

    Close