fbpx

Volkswagen и Ford во соработка за автономни EV

Ford ќе произведува електрични батериски возила на MEB платформата на VW, додека VW ќе инвестира 2,6 милијарди долари во автономниот систем на Ford

Двајцата производители на автомобили се согласија за проширување на нивната глобална алијанса по неколкумесечните преговори, а ова го официјализираа за време на прес-конференцијата во Њујорк.

Ford ќе ја користи MEB архитектурата за електрични возила на VW, на која ќе базира целосно нов електричен автомобил наменет за европскиот пазар. Компанијата очекува да продаде над 600.000 возила врз основа на MEB платформата во Европа во текот на шест години, со почеток во 2023 година.

MEB

Германскиот производител има вложено 7 милијарди долари во својата MEB платформа од 2016 година, со цел да ја користат во околу 15 милиони автомобили во своите марки VW, Audi, Skoda и Seat. Првиот модел кој ќе се базира на MEB ќе биде VW ID.3, кој целосно ќе биде претсавен на Саемот за автомобили во Франкфурт овој септември. Ford рече дека во моментов преговара и за втор модел базиран на MEB.

Од друга страна, Volkswagen ќе инвестира 2,6 милијарди американски долари во Argo AI, автономниот систем на Ford, со 1 милијарда долари директно финансирање. Компанијата исто така ќе купи 500 милиони долари од акциите на Ford во Argo AI во текот на следните три години, со што ќе стане рамноправен партнер со Ford. Ваквиот договор ќе ја крене вредноста на Argo AI на 7 милијарди долари.

Поврзани вести

Back to top button