Volkswagen ја одложи промоцијата за електричниот кросовер ID.4

Вториот член на ID семејството на Volkswagen ќе биде моделот ID.4, чија премиера беше закажана за април годинава, но истата е одложена

Првичната локација избрана за премиерата на ID.4 беше Салонот за автомобили во Њујорк. Сепак, според информациите наводно дошло до одложување на промоцијата. Но, британските и американските медиуми пишуваат дека Volkswagen со сигурност премиерата на ID.4 ќе ја одржи во САД. Поради тоа се очекува моделот да биде прикажан во јуни на Салонот за автомобили во Детроит.

ID.4 би требало да одигра важна улога во продажбата на електрични возила за Volkswagen, не само во Северна Америка, туку и во Кина и во Европа. Првичните информации велат дека овој електричен SUV всушност ќе дојде во две форми – стандардна и купе-SUV варијанта. Последната би требало да има и свој назив – ID.5. SUV верзијата се очекува да биде наследник на концептниот модел ID Crozz кој беше прикажан во 2017 година. Се очекува серискиот модел добие конвенционална линија на покривот и задниот браник. Исто така, ќе добие и потрадиционален облик на задните врати за разлика од решението кое беше прикажано во првата фаза од развивањето на концептот.

Новиот електричен ID модел ќе се рангира некаде помеѓу кросовер и SUV. Замислен е како важен член на овој бренд и продолжување на успешната приказна која започна со лансирањето на електричниот хечбек ID.3 минатата година. Новите модели на Volkswagen ID.4 и ID.5 ќе се произведуваат во Европа, САД и Кина. Од овие модели се очекува да бидат предводници на новата електрична офанзива на VW. Германскиот гигант планира годинава да продаде околу 100.000 електрични автомобили, додека за крајот на 2025 година е зацртана бројката од милион возила.

Volkswagen останува таинствен за спефицикациите на ID.4

Со оглед на тоа дека ID.4 ќе наликува на концептот ID Crozz, вреди да се напомене дека тој е заснован на MEB платформата, како што ќе биде и серискиот примерок. Моделот ќе користи два електромотори, по еден за секоја од осовините. Батеријата има капацитет од 83 kWh, а моделот развива повеќе од 300 КС. ID Crozz е долг 4.625 mm, широк е 1.891 и висок 1.609 mm, со меѓуосовинско растојание од 2.773 mm.

Volkswagen засега молчи кога станува збор за точните спецификации за моделот ID.4. Сепак, нема сомнежи дека тоа ќе се промени како што ќе се наближува датумот за премиерата. Една од ретките работи за кои открија детали е автономијата. Од Volkswagen најавуваа домет од најмалку 500 километри. Силата се очекува да биде распоредена во однос 48:52, а максималната брзина би требало да биде лимитирана на околу 180 километри на час.

Поврзани вести

Back to top button