Volkswagen ја претстави концептната електрична „ѕверка“ Golf eR1
Volkswagen го претстави концептниот e-performance Golf R познат и како Golf eR1 на Ice Race во Цел, Австрија
Автомобилот кој се најде на снежната патека во австриски Цел ам Зе, на познатата Ice Race, има целосно електричен погон на сите четири тркала, а базиран е на претходната генерација на моделот Golf. Според она што се забележува, се чини дека станува збор за целосно тркачки автомобил кој наликува на Golf GTI TCR со масивен body kit, истакнат преден сплитер и голем заден спојлер.
Како што вели на шефот на VW R одделот Josta Capita, моделот eR1 не е направен по тркачки спецификации, ниту е наменет за тркање. Тој се користи за собирање на искуство за електричните автомобили со високи перформанси, забава и демонстрација на технологија. Од Volkswagen Motorsport велат дека овој Golf eR1 е тркачки концепт кој компанијата ќе го користи за да ја одреди ефикасноста на најновиот систем за електрични мотори. Ако е успешен, системот подоцна ќе биде усвоен во перформансните модели на VW.
Погонот би можел да биде поврзан со ID.R тркачкиот автомобил, бидејќи концептот го напојуваат два електрични мотори кои заедно испорачуваат 671 КС. Но, овие тврдења не се сигурни и потврдени бидејќи Volkswagen засега не споменува никаква поврзаност.
Она што е познато е дека Volkswagen навистина планира електрични автомобили со високи перформанси во блиска иднина. Еден од нив би можел да биде R верзијата на електричниот ID.3 хечбек кој би можел да го носи називот ID.3 R. Освен тоа, ID.3 ќе добие и GTX ознака, што е еквивалент за електричен GTI, но дури откако Volkswagen ќе ја искористи оваа нова ознака за ID.4 кросоверот и ID.5, купе верзијата на истиот модел.
Golf eR1 е најава за електричните перформансни модели на Volkswagen
Како и да е, Golf eR1 дефинитивно ќе има влијание на електричната иднина на Volkswagen. Перформансната R дивизија на компанијата соработува тесно со Volkswagen Motorsport за да создаде електрични погони и батерии за употреба во планираната палета на високо перформансни ID R автомобили, а некои од тие системи можат да се забележат и во eR1.
Речиси сигурно е дека наследникот на овој автомобил ќе биде изграден на MEB платформата и ќе ја преземе формата на ID модел. Со оглед на тоа дека Volkswagen цели да го лансира ID.3 R најдоцна до 2024 година, Golf eR1 е првиот чекор на компанијата кон вистински целосно електричен перформансен автомобил.