fbpx

VW од следната година почнува со производство на уште еден EV

Германскиот производител Volkswagen во 2020. година ќе започне со производство на уште еден модел од електричното ID семејство

На хечбекот ID.3 од VW ќе му се приклучи, нов EV, а тоа е кросоверот Crozz кој веројатно ќе ја добие официјалната ознака ID.4 Двата модели би требало да се произведуваат во фабриката во Цвикау.

ID.3 и ID.4 би требало да бидат столбот на електричната офанзива на Volkswagen чија цел е до 2024. година да произведе 1.000.000 електрични автомобили.

VW планира до средината на следната деценија да направи 1,5 милиони нови електрични возила, а во целиот проект се вложени 11 милијарди долари.

 

 

Германскиот гигант кон почетокот на декември го одбележа јубилејот за 250.000 продадени единици на моделот e-Golf, кој ќе биде заменет токму со ID.3.

Поврзани вести

Back to top button