fbpx

Volkswagen ќе го замени Touran со електричниот ID Buzz

Заминувањето на Seat Alhambra сигнализира почеток на нова ера во VW групацијата, а слична судбина ги очекува и Volkswagen Sharan и Touran

Помалиот MPV модел на Volkswagen, Touran, ќе биде достапен во следните година или две, но дефинитивно ќе замине во пензија. Со оглед на тоа дека Tiguan Allspace нуди сличен простор во внатрешноста и има попривлечен изглед како SUV, во Volkswagen се убедени дека нема потреба да се прави нова генерација на Touran. Наместо тоа, се најавува индиректна замена во облик на електричниот модел ID Buzz.

„Според некои Touran е досаден автомобил, но е и тоа како практичен, одличен е за семејствата, а купувачите добиваат многу за своите пари. Сега имаме поинакви концепти како што е Tiguan Allspace, SUV со седум седишта, а ја подготвуваме и следната генерацицја на ID семејството вклучително и ID Buzz кој во моментов го развиваме. Ова се реалните наследници на Touran“, изјави членот на управата на Volkswagen за истражување и развој Франк Велш.

Тоа значи дека наскоро во понудата ќе го нема миниванот на Volkswagen со конвенционален мотор, туку изборот за купувачите ќе биде ID Buzz со електричен погон, интересен изглед и практична внатрешност.

„Buzz нуди доста простор и има одличен изглед. Продукциската верзија е уште подобра од концептот, ќе го содржи сето она најдобро што го има TOuran. MPV возилата не се мртви, но побарувачката опаѓа. Потребен им е подобар дизајн, заклучи Велш.

Поврзани вести

Back to top button