Volkswagen ќе лансира 34 нови модели во 2020. година

Компанијата Volkswagen има сериозни намери да лансира 34 нови модели ширум светот во 2020. година, вклучително и електрични автомобили

Познато е веќе дека електричниот модел ID.3 ќе пристигне на лето, а од Volkswagen тврдат дека набрзо ќе следи и ID Next. Тоа е SUV модел од средна големина кој во концептната форма беше претставен како ID Crozz, а веројатно ќе ја користи ID.4 ознаката кога ќе се најде во производство. Германската компанија ќе го продава во Европа, Кина и Северна Америка.

Меѓу шесте преостанати електрични и хибридни модели ќе биде и новиот Golf GTE, чија продажба ќе започне по верзијата со конвенционален погон.

Volkswagen не го специфицираше секој модел кој ќе се појави во 2020. година, но тврдат дека ќе има вкупно 34, вклучително и 12 SUV, категоријата која е клуч на успехот на компанијата во изминатите неколку години.

 

Иако глобалниот пазар на автомобили е намален, Volkswagen го зголеми својот удел, најмногу благодарение на големиот профит остварен од продажбата на SUV модели.

Од компанијата открија дека „2019. година ќе биде мошне успешна“, како и дека не се загрижени поради CO2 рестрикциите.

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close