fbpx

Volkswagen го напаѓа Nürburgring со ID. R

Volkswagen соопшти дека компанијата ја почнува офанзивата по поставувањето на нов рекорд на легендарната патека Nürburgring со специјално доработениот целосно електричен болид ID. R

Од спортската поделба на Volkswagen, велат дека од вчера компанијата лансирала тест програма на долгите 25 километри патека со пилотот Ромен Дима кој ќе се потруди да го подобри актуелниот рекорд на патеката што во моментот е 6:45,90 минути.

„Мисијата на ID. R да биде лидер на целосно електрично ID производно семејство на Volkswagen продолжува со полна сила“, коментираат од Volkswagen Motorsport. „Уште еднаш, во 2019 година, ID. R ќе го демонстрира огромниот потенцијал на електричниот погон, комбиниран со технологијата за нулта емисија“.

Volkswagen

За рекордот на Nurburgring, Volkswagen ID. R, има подобрен електричен погонски систем со 680 коњски сили. Најсериозна работа е направена во аеродинамиката, оптимизирана за работа со голема брзина.

„На патеката, ID. R достигнува просечна брзина од над 180 km/h, а максималната брзина на правците е 270 km/h“, аподелуваат од Volkswagen Motorsport.

Volkswagen

Поврзани вести

Back to top button