fbpx

Volkswagen не сака да биде „премногу германски”

Од концернот се решени радикално да го сменат имиџот на брендот, а исто така се разгледува и разделба со некои од марките кои се „под капата“ на гигантот

Volkswagen има пред себа цел да го редефинира имиџот на брендот и да ги направи своите автомобили попривлечни за потрошувачите.

Тоа го најави директорот за маркетинг на компанијата, Јохан Сенгпил. Во 2019 година, Volkswagen официјално ќе го прикаже своето ново лого, очекувајки дека тоа ќе биде подложено на најсериозни промени по навистина многу години. Што точно не очекува, Сенгпил одби да искоментира, но вети сериозно изненадување.

Volkswagen – Volkswagen е меѓу водечките, но факт е дека не е во најдобра форма во споредба со претходните години. Рака на срце, марката изгуби дел од својата емоционална привлечност, додека се обидуваше да биде „премногу германска”.

И проблемот не е само скандалот со дизел моторите, има многу други недоследности, кои едноставно треба да останат во минатото. Ние сакаме луѓето да се забавуваат со нас, ни требаат нови бои, форми, вредности…, она што беше инволвирано во брендот, а во моментов ни недостасува, потенцира Сенгпил.
Volkswagen

Врвниот менаџер додаде дека сликата за Volkswagen треба да стане појасна и поотворена за луѓето. Императив е да се пречекорат иновациите, кои исто така ги одредуваат и повисоките цени на автомобилите. Компанијата верува дека радикалните промени во сликата ќе му помогнат на Volkswagen да влезе во новата ера на автомобилската индустрија, каде што електромобилите ќе имаат главна улога. Покрај тоа, со нивна помош, Volkswagen ќе ја врати својата репутација, која беше погодена од дизел скандалот.

Volkswagen

Во исто време, новиот шеф на концернот Херберт Дис призна дека ќе „ги разгледа сите можности” за развојот на компанијата и подобрување на резултатите, иако тука спаѓа и идна продажба на некои од брендовите кои групата ги поседува.

Под капата на VW Group се главниот бренд на компанијата Volkswagen, следат Audi, Porsche, Škoda, SEAT, Lamborghini, Bugatti, Ducati, Scania, MAN и делот на VW за комерцијални возила. Дис на својата прва прес-конференција како глава на VW групата изјави дека резултатите и перформансите на секоја марка ќе бидат внимателно разгледани и анализирани.

Некои брендови може да бидат продадени, предвидува тој, со цел да се реорганизира групата и да останат најсилните брендови под шапката на VW Group. Дис не спомена ниту една марка конкретно, но според мнозинството германски аналитичари меѓу марките кои произведуваат леки автомобили, нема опасност, вклучувајки го и проблематичниот SEAT, кој сепак сега работи со голем профит.

Се споменува одново Ducati. Дис веќе објави дека ќе има нова групација на брендовите во три нови деловни зони: масовни, премиум и супер премиум брендови. Камионите и автобусите ќе бидат поделени во друга дивизија и ќе има поделба која ќе се занимава само со кинескиот пазар.

Поврзани вести

Back to top button