Volkswagen новиот Golf GTI ќе го понуди и во Clubsport верзија

Новиот Volkswagen Golf GTI Clubsport ќе претставува одговор на конкуренцијата, а ќе треба да ја пополни и празнината меѓу обичниот GTI и најбрзиот Golf R

Новиот Volkswagen Golf GTI Clubsport нема да биде најмоќниот Golf од осмата генерација, бидејќи германскиот производител интензивно работи на тестирањата на новата верзија на Golf R, но Clubsport ќе треба да ја пополни празнината меѓу стандардниот GTI и споменатата R верзија на популарниот хечбек.

Од Volkswagen Motorsport одделот напоменуваат дека со новото издание на Golf GTI Clubsport на купувачите кои преферираат бескомпромисни возачки автомобили ќе им понудат автомобил кој со себе ќе донесе управливост и перформанси кои ги нудат останатите конкуренти во сегментот, како што се Megane RS Trophy и Civic Type-R.

На тестниот прототип кој беше „уловен“ на патеката во Нирбургринг можат да се забележат поинакви 19-инчни фелни зад кои „ѕиркаат“ кочнички дискови со нагласени поголеми димензии, а во однос на стандардниот GTI кај Clubsport верзијата има и поголеми отвори од издувните завршетоци, како и поголеми отвори на предниот дел за полесна циркулација и влез на воздухот кон 2,0-литарскиот четирицилндерски турбобензински мотор кој со додатокот Clubsport би требало да располага со нешто помалку од 300 KС.

Volkswagen Golf GTI Clubsport

Веќе е познато дека Volkswagen ќе го понуди стандардниот Golf GTI – кој располага со моќност од 245 КС – во комбинација со мануелен или автоматски менувач, а се очекува истата опција да биде понудена и со верзијата Clubsport која ќе пристигне и со изменет систем на потпирање со адаптивни амортизери, а на возачот, по потреба, ќе му помага и ограничената блокада на диференцијалот.

Поврзани вести

Back to top button