fbpx

Volkswagen Passat станува електричен и пристигнува веќе во 2021 година

Германскиот производител на автомобили се подготвува да лансира нови модели на пазарот за електрични автомобили, а таму би требало да се најде и новиот Passat

Според информациите од САД, Volkswagen Passat се подготвува за „крај на кариерата“ во класата со мотори со внатрешно согорување и ќе продолжи да се вози во електрична верзија. Јохам де Нисхен, првиот човек на VW групата во САД, не открива кога овие промени ќе се случат, но не е баш реално тоа да се случи до крајот на 2020 година.

Продажбата на новиот Passat на пазарот во САД редовно опаѓа. Интересно е што во 2012 година продадени се 117.023 возила, а во 2019 само 14.123 возила и тоа дефинитивно ги загрижи челниците на компанијата. Така, Passat ќе се обиде да се врати во игра преку пазарот на електрични автомобили, што не би требало да биде изненадување особено ако се погледне ID. Vizzion концептот од 2018 година кој неодоливо потсетува на Passat.

Претставен во 2018 на саемот во Женева, I.D. Vizzion концептот би можел да биде фундаментот за изградба на електрична верзија на Passat. Со платформата која ја дели со ID.3 хечбекот, која овозможува заден и погон на сите четири тркала, по изложбениот примерок во Женева, следуваше караван верзијата на Салонот за автомобили во Лос Анџелес во 2019 година.

Passat EV најпрво ќе се појави на пазарот во САД

Токму тука Volkswagen ја потврди сериската верзија за 2021 година, која веројатно ќе пристигне во продажните салони како модел за 2022. Со оглед на времето кое е потребно за германскиот производител да ја смени генерацијата, тајмингот се чини како совршен. Американскиот модел, кој е позициониран според престижот под европскиот, се очекува прв да го усвои електричниот погон со цел да се привлечат нови купувачи.

Американскиот VW Passat неодамна беше редизајниран, но тоа малку ќе му помогне бидејќи оваа верзија е стара речиси десет години и дизајнерски е далеку од европската верзија. Со оглед на продажбата, во овој момент Passat не е конкурентен на големиот број бизнис лимузини на американскиот пазар и промените се неопходни. Во Европа не треба да се очекуваат такви радикални потези бидејќи конвенционалниот Passat е се уште исплатлив производ за VW. Сепак, батеријата од 111 kWh и 355 КС се добри адути за Passat EV против Tesla Model 3.

Поврзани вести

Back to top button