fbpx

Volkswagen се подготвува за рекорд на Nürburgring

Volkswagen планира да постави рекорд за на патеката Nürburgring на електрични возила

Овој обид ќе се случи на лето оваа година, со прототипот Volkswagen I.D. R, кој во 2018 година го сними најдоброто достигнување во историјата на легендарниот Pikes Peak во САД. Во моментов, Германците работат на подобрување на аеродинамиката на спортскиот прототип.

За разлика од Pikes Peak каде се стартува на надморска височина од 2862 метри, а се завршува на 4302 метри, на патеката Nürburgring, надморската височина не надминува 300 метри, а покрај тоа, нордискиот лак има долга дистанца, каде што се развива многу висока брзина, па затоа се потребни големи промени на автомобилот.

Зад воланот на спортскиот прототип, како и на Pikes Peak, повторно ќе биде французинот Ромен Дума. Тој ќе мора да го подобри времето од 6 минути 45,9 секунди, поставено во 2017 година од Питер Дамберк со кинескиот суперавтомобил Nio EP9. Тогаш просечната брзина на автомобилот веше 185 km/h.

Volkswagen I.D. R е опремен со два електрични мотори со вкупна моќност од 680 КС. Забрзувањето од 0 до 100 km/h се одвива за 2,25 секунди, а максималната брзина е 240 km/h.

Volkswagen

Поврзани вести

Back to top button