Volkswagen Polo е лидер кај субкомпактите

Продажбата на субкомпактни автомобили во светски рамки во првата половина од 2018 година се зголеми за 4%, или 6,94 милиони единици, се вели во извештајот на аналитичката агенција focus2move

Најпопуларен субкомпактен модел е Volkswagen Polo. Помеѓу јануари и јуни оваа година, продажбата на ова гермамснко остварување се зголемила за 8,3%, или 375.590 единици, при што 74.153 (+ 10%) се продадени само во јуни.

Како што е познато, Volkswagen Polo е поставен на производната линија во 1975 година, а досега се произведени над 12 милиони единици.

На второто место со 226.041 продадени возила, што е за 2.6% повеќе од истиот период минатата година се рангира Renault Clio, Ford Fiesta е третa со приближно ист волумен 218.674, иако американскиот модел има пад во продажбата од 5,2% во однос на јануари-јуни 2017 година. Останатите модели во Топ 10 за периодот јануари-јуни се: 4-то Toyota Yaris (198.234, + 5,6%), 5-то Peugeot 208 (166.887, + 1,9%), 6-то Renault Captur (149.011 + 12,8%), 7-то Honda Fit (148.204, -0,2%), 8-то Hyundai i20 (141.948, + 0,4%), најголема позитивна динамика покажува индискиот Maruti Dzire, во јуни продажбата на моделот се зголемилa за 103%, а во првите шест месеци од годината (9-то место) за 73,7% или 24.465 и 140.441 примероци и 10. Citroen C3 (136.328, -1,4%).

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close