fbpx

Volkswagen повторно ја одложи одлуката за фабриката во Турција

Германскиот гигант за производство на автомобили повторно ја одложи својата одлука околу изградбата на новиот производен погон во Турција

Германците одамна требаше да донесат одлука околу изградбата на мултибренд фабриката, но во неколку наврати истата се одложува поради повеќе причини. Volkswagen требаше да донесе конечна одлука овој месец, но повторно истата се одложува за понатаму, а германската компанија не планира да ја замени Турција со друга земја.

„Имаме уште време и можеме тоа со сигурност да го спроведеме до следната година“, изјавил неименуван избор од компанијата за агенцијата Reuters.

Изворот, кој е запознаен со одлуките во Volkswagen вели дека Надзорниот одбор не е во обврска да ја донесе конечната одлука до крајот на февруари. Уште во декември, пренесуваат германските медиуми, од Volkswagen беше посочено дека одлуката ќе биде донесена во февруари оваа година.

Volkswagen поради воената офанзива во Сирија минатата есен ја „замрзна“ одлуката за инвестирање на повеќе од милијарда евра во Турција. Планот е во градот Маниса, во близина на Измир, да се изгради погон со годишен капацитет на производство од 300.000 автомобили, во вредност од милијарда евра и 4.000 вработени. Беше предвидено кон крајот на оваа година да започне изградбата на погонот, а производството на автомобилите беше планирано да започне во 2022 година.

И покрај одложувањето на конечната одлука, од групацијата и понатаму повторуваат и остануваат на својот став дека нема да бараат алтернативни дестинации за својата мултибренд фабрика.

Поврзани вести

Back to top button