fbpx

Volkswagen евидентира рекордни месечни резултати

Volkswagen објави дека во ноември дилерите на компанијата во целиот свет имаат постигнато најдобар досега месечен резултат во историјата на брендот

Новиот рекорд е 594.300 единици или за 11,8% повеќе во споредба со истиот период минатата година.

И постигнувањето на годишно рамниште е за внимание, дури 4%, е зголемувањето на побарувачката за производите на брендот на крајот од 11- те месеци од годинава, односно вкупниот показател е на ниво од 5.636.100 единици. Volkswagen забележа раст во продажбата во текот на ноември на сите основни пазари на кои е присутен, а единствен исклучок е Северна Америка, особено САД.

Volkswagen
На територијата на Европа, Volkswagen евидентира 142.100 автомобили (+ 5%), а од почетокот на годината пласирани се 1.551.700 (-0.3%). Во Русија, брендот забалежа раст од 29%, или 9.000 единици во ноември и 18.7% (79.100 возила) од почетокот на годината.

Стабилно е подобрувањето во продажбата на Volkswagen во изминатиот месец и во Бразил (+ 34%, 26.300) и Кина (+ 16.2%, 331.100). На домашниот пазар, Volkswagen евидентира подобрување во бизнисот во ноември (+ 8%, 47.800), но сепак на крајот на првите 11 месеци од годинава се регистрира пад од 5,7%, односно 489.600 единици.
Volkswagen

Поврзани вести

Back to top button