fbpx

Volkswagen ги распределува глобалните позиции по марки

Volkswagen откри детали за својата нова стратешка програма, која предвидува распределба на глобалните позиции на гигантот по марки и по региони

-Со распределбата на одговорностите во различни гранки правиме Volkswagen да биде покомпактен и поефикасен концерн на пазарот, потенцира Херберт Дис, извршен директор на Групацијата.

Според новата стратегија, секој одвоен региони на глобалниот пазар ќе има по една марка која ја презема одговорноста за бизнисот на Концернот. Брендот Volkswagen ќе ја преземе одговорноста за пазарите во Северна и Јужна Америка, како и во Суб-Сахарска Африка. SEAT ќе „валее“ во Северна Африка, Audi на Блискиот Исток и Азија Пацифик, а деловните операции во Кина ќе бидат предводени од целата група.

Skoda ќе одговара за пазарите на Русија и Индија, а за брендот е предвиден нов стратешки план INDIA 2.0, со моделска офанзива на Skoda и Volkswagen. Од компанијата коментираат дека новата распределба на одговорностите по брендови и региони има за цел за создавење и формирање на производ за да одговара на најдобар можен начин на очекувањата и барањата на локалните потрошувачи.

Volkswagen

Поврзани вести

Back to top button