fbpx

Volkswagen размислува да го понуди подбрендот Jetta и во Европа?

Volkswagen групацијата би можела да го лансира нискобуџетниот подбренд Jetta и на други пазари, а не само во Кина

Називот Jetta има сопствен печат, а денеска претставува еден од најпопуларните моделни линии и нискобуџетен подбренд наменет исклучиво за кинескиот пазар. Со оглед на тоа дека беше лансирана пред само осум месеци, Jetta се позиционираше како популарна марка за ценовно посензитивните купувачи во Кина. Успехот на оваа дивизија на Volkswagen би можела да доведе до тоа да се најде и на други пазари.

Не е тајна дека германскиот автомобилски гигант сака дел од европскиот пазарен „колач“ кога станува збор за нискобуџетните возила, но засега се уште не дошло до реализација на тој план. Во меѓувреме, првите чекори кон реализација на тоа се направени минатата година, кога VW на кинескиот пазар ја лансираше Jetta, која името го доби по познатиот модел на Volkswagen.

Jetta

Осум месеци подоцна, новородената марка веќе бележи пристојни продажни резултати во Кина каде досега продаде 81.000 возила со логото на Jetta. Само во април, на кинеските купувачи им беа испорачани 13.500 автомобили, што е околу 1 процент од пазарниот удел во таа земја. Jetta оваа година го зголеми учеството на кинескиот пазар на автомобили со оглед на тоа дека еден слој, воглавно млади купувачи одлучија да набават пристапен автомобил со цел да се избегне јавниот превоз во големите кинески градови, откако во оваа земја се појави новиот коронавирус.

Jetta бележи голем успех во Кина

Охрабрени од почетниот продажен успех во 2020 година, во Volkswagen почнаа да размислуваат за проширување на марката Jetta и надвор од границите на Кина, пренесува Automotive News Europe. „Успешниот почеток на брендот, секако, поттикна и интерес од други пазари“, изјави за новинарите претседателот на брендот Jetta, Харалд Милер, но не ја образложи детално својата изјава.

Jetta

Се чини дека по неколку години Volkswagen конечно е на вистинскиот пат да се закани на романскиот бренд Dacia која е синоним за нискобуџетните автомобили во Европа и бележи огромен успех на тој план. Инаку, понудата на марката Jetta во Кина се состои од една лимузина – VA3, која претходно во Кина се продаваше како Volkswagen Jetta, како и два SUV модели, VS5 и VS7. Сите три возила се изработуваат во кинески Ченгду, во фабриката која Volkswagen ja основаше во соработка со кинеската компанија FAW.

Кога станува збор за цените, VA3 е најевтин и чини само 8.000 долари, додека SUV моделот VS5, кој во Европа би бил далеку попопуларен, чини само 12.000 долари. Сепак, доколку моделите на Jetta навистина се појават на европскиот пазар, секако би биле поскапи, како поради трошоците за транспорт, така и поради строгите безбедносни и регулативи за емисија на штетни гасови кои би морале да ги задоволат со цел да се продаваат во Европа.

Поврзани вести

Back to top button