ИНТЕРЕСНОНАСЛОВНА

Volkswagen Group сака да го направи SEAT ривал на Alfa Romeo

Volkswagen Group е во процес на мало реструктуирање на брендовите во своето портфолио

Значајни промени не се предвидени, основите на брендовите ќе ги задржат своите сегашни позиции, но сепак ќе има некои разлики со моменталната ситуација. Најсериозни вести пристигнуваат врзани за SEAT. Со текот на времето, шпанскиот бренд ќе биде позициониран како директен ривал на Alfa Romeo, барем што се однесува до амбициите на двете марки.

Луѓето од VAG сакаат да „го кренат“ малку повисоко SEAT, со тоа што под-брендот Cupra добива се поважна улога.

Маркетиншките професионалци се надеваат дека младите корисници ќе бидат привлечени од атрактивната визија и ќе имаат нови купувачи. Според овие менаџери, младите клиенти не се сеќаваат на славните години на Alfa Romeo и ова ќе биде силен адут за SEAT.

SEAT

Клучни зборови

Поврзани вести

Може и ова да ви се допадне

Close
Close